Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОсмани: Владата сега се фокусира на спорот за името

Османи: Владата сега се фокусира на спорот за името

Интензивирање на разговорите за спорот со името е еден од приоритетите и Владата ќе се фокусира на него, најави вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи. Имаме енергија да се фокусираме на прашањето за името со нашиот јужен сосед, откако завршивме две крупни прашања, прашањето за јазикот и за Договорот со Бугарија, изјави вицепремиерот Османи, пред средбата со амбасадорите на Западен Балкан.

Османи вели дека очекуваат на тој пат да стекнат многу пријатели, со цел да ја искористат позитивна клима во државата и во регионот. Најави дека по однос на ова прашање ќе има средби со официјални претставници во Берлин и Атина.

Османи смета дека голем импулс во забрзаната интеграција во ЕУ и НАТО, ќе биде претседавањето на Бугарија со европскиот совет од јануари идната година. По однос на реформските приоритети, Османи вели дека досега е завршена една третина од мерките кои требаа да се реализираат во првите три месеци, со владиниот план 3-6-9. За него е најважно во моментов да се организираат кредибилни и фер локални избори, кои се еден од условите да се тргне условеноста на препораката за почеток на преговори ЕУ .

Стратегија за проширување на ЕУ, добрососедските односи, регионалната соработка, поефикасното користење на ИПА фондовите, се темите на кои Османи разговарал со амбасадорите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

Овие средби според Османи ќе се организираат на секое тримесечие, со цел земјите заеднички да се координираат околу регионалните проекти кои што се финансираат од ЕУ.