Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОсмани оди во Софија да го реши Гоце Делчев?!

Османи оди во Софија да го реши Гоце Делчев?!

Дали е на повидок „решавање на проблемот со националниот идентитет на Гоце Делчев“, наскоро ќе видиме. Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, најави посета на официјална Софија, на која ќе се разговара за вжештените билатерални односи помеѓу Скопје и Софија.

 

„ Во петок одам во официјална посета на Бугарија каде средбата со мојата колешка Захариева, ќе биде првата моја билатерална официјална средба како министер за надворешни работи и очекувам да испратиме пораки на пријателство, на заемна поддршка и во насока на заедничкиот интерес за европската иднина на целиот регион.

Оваа посета претставува и исполнување на првиот приоритет од мојата мандатна мисија како предводник на дипломатијата, а тоа е активен придонес во одржувањето и унапредувањето на добрососедските односи“, порача Османи.