Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОсмани: Напредокот на Македонија е дел од европски оптимизам во регионот

Османи: Напредокот на Македонија е дел од европски оптимизам во регионот

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, присуствуваше на 13. Конференција на европски градови и региони на тема „Наредната генерација на нови земји – членки на ЕУ“, што се одржа во Салцбург.

На конференцијата се говорело за перспективите на земјите од Западен Балкан во контекст на политиката на проширување на ЕУ, а говорник бил и еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан.

На почетокот од конференцијата, Османи и министрите од регионот задолжени за ЕУ имале неформална средба со еврокомесарот.

Османи го информирал Хан за напредокот на Македонија во откочувањето на евроинтегративните процеси, имплементацијата на планот „3-6-9“, како и за напредокот на земјата во односите со соседите.

„Напредокот на Република Македонија во евроинтегративните процеси не го гледам како изолиран случај на Балканот, туку како составен дел од еден нов европски оптимизам во регионот, кој е проширен и во земјите членки на Унијата“, истакнал Османи во своето обраќање.