Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамОсма пол-позиција за актуелниот шампион

Осма пол-позиција за актуелниот шампион

Луис Хамилтон продолжува да доминира на квалификациите за пол-позицијата, откако актуелниот светски првак попладнево беше најдобар и на „домашната патека“ Силверстоун, каде ќе стартува прв на утрешната трка за Големата Награда на Велика Британија.

Возачот на Мерцедес ГП доминираше на денешните квалификации, остварувајќи најдобро време и стигнувајќи до осмата пол-позиција на деветтата трка сезонава.

Како второпласиран утрешната трка ќе ја почне неговиот тимски колега Нико Розберг, зад кого ќе се најдат Маса и Ботас од тимот на Вилијамс, зад кои ќе следат Раиконен, Фетел и Квајат. Денешните квалификации минаа во нов очаен ден за Фернандо Алонсо, кој го освои 17-то место, а зад него утрешната трка ќе ја стартува вториот возач на Мекларен, Џенсон Батон.

извор:екипа.мк