Saturday, Oct 24, 2020
HomeДЕНЕШНАРепубликаОслободителна пресуда за 22-цата обвинети во „Змиско око 2“

Ослободителна пресуда за 22-цата обвинети во „Змиско око 2“

pritvoranje

Ослободителна пресуда добија сите обвинети во случајот „Змиско око 2“.

Сите 22-ца обвинети  „Змиско око 2“ се ослободени од вина за кривичното дело „злоупотреба на службената положба“, додека за дел од нив кои беа обвинети за „злосторничко здружување“ донесена е одбивателна пресуда заради застареност.

Пресудата ја донесе денеска Основниот кривичен суд Скопје по завршните зборови од јавниот обвинител и завршните зборови на обвинетите и нивните бранители.

Со првостепената пресуда сите 22 – ца обвинети, од кои за две лица се водеше раздвоена постапка, се ослободуваат од вина за кривичното дело од чл. 353 ст.5 в.в. со ст.3 од КЗ односно Злоупотреба на службената положба додека за кривичното дело од чл. 394 ст.1 од КЗ за дел од обвинетите и 394 ст.2 од КЗ за преостанатите обвинети односно Злосторничко здружување судот донесе одбивателна пресуда заради настаната апсолутна застареност, информира Основниот суд Скопје.

Против пресудата, странките имаат право на жалба пред Апелацискиот суд во Скопје.