Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСОслободете се од стресот за најкратко време

Ослободете се од стресот за најкратко време

Позитивните мисли, физичката активност, добриот сон континуирано ве заштитуваат од стресот, но кога ви е потребно во едена минута да се ослободите од стресот предизвикан од  одредена ситуација еве што треба да направите:

Вдишете и издишете

Оваа постапка повторете ја 5 пати наизменично. На тој начин ќе го смирите нервниот систем и кислородот од крвта побрзо ќе стигне до мозокот.

Танцувајте

Оваа активност можеби и не е адекватна ако сте на јавно место или на работа, но стручњаците тврдат дека не постојат шанси да бидете под стрес додека танцувате. Кога се менува положбата на телото, се менува и состојбата на умот.

Оддалечете се

Доколку стресот ви е предизвикан на работното место, излезете од канцеларијата. Напуштањето на просторот кој создава стрес му дава сигнали на вашиот нервен систем да се смири. На тој начин ќе ги тргнете мислите кои ви создаваат нервоза

HUGS

Прегрнете некого

Доколку сте опкружени со блиски луѓе многу лесно можете да се ослободите од стресот. Со меѓусебна прегратка се ослободуваат  окситоцин и допамин од организмот со што се намалува нивото на стрес.

Смејте се

Смеењето ослободува ендорфин во мозокот, многу брзо ќе се почувствувате подобро. Можеби и не можете да се смеете природно во стресна ситуација, но и ако се обидете да се насмевнете ,,со сила” на мозокот му испраќате сигнал за позитивни емоции