HomeДЕНЕШНАСветОслободена новинарката Хатиџе Камер од BBC – Турција ќе и суди за помагање на Курдите

Ослободена новинарката Хатиџе Камер од BBC – Турција ќе и суди за помагање на Курдите

hatice-kamer-538x332

Новинарката Хатиџе Камер која работи како дописник за BBC на сервисот на турски јазик е ослободена од турските власта откако помина еден ден во притвор. Таа известувала за инцидентите во Сирт регионот каде се случи голема рударска несреќа во која загинаа повеќе работници. Полицијата без конкретна причина ја привела Камер и по еден ден е ослободена.

hatice-kamer

Камер најверојатно ќе се соочи со обвинение за помагање на курдските бунтовници преку начинот на известување, а исто така е осомничена за правење слики од воена база. Засега не се знае кога ќе биде повикана пред суд и кога формално ќе биде покренато обвинението, со тоа што BBC тврди дека нема никаква правна основа за такво нешто.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com