Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОслободен атентаторот на американскиот претседател Реган

Ослободен атентаторот на американскиот претседател Реган

Џон Хинкли, човекот кој во 1981 година се обиде да го убие тогашниот американски претседател Роналд Реган, ослободен е по повеќе од 35 години минати во психијатриска болница, пишува The Washington Post. Судот во јули годинава одреди негово ослободување строги услови за лекување и надзор утврдувајќи дека овој пациент повеќе не претставува опасност за себе и за другите. Џон Хинкли е прогласен за невин како душевно болен на судењето во 1982 година, кога му се дијагностицирани депресија и психоза, кои сега се во ремисија, според неговите лекари.

Одлуката кон рајот на јули ја донесе судијата Пол Фридман на сојузниот суд во Вашингтон. Судијата оценил дека сега 61-годипниот Хинкли повеќе не опасен ниту за себеси ниту за околината, како и дека ќе може да живее со 90-годишната мајка во станбена населба со обезбедување и ограничен пристап на јавноста (gated community). Фондацијата Роналд Реган се огласи со кусо соопштение во коешто истакнува дека „за разлика од судијата, мисли дека Џон Хинкли и натаму претставува закана за другите и решително се противи на неговото ослободување“.
atentator-regan
Хинкли се обиде на 30-ти март 1981 година да го убие претседателот Ронлад Реган по излегувањето од хотелот „Hilton“ во Вашингтон, при што рани и три други лица, меѓу нив и тогашниот портпарол на Белата куќа, Џејмс Брејди. Еден куршум се одби од претседателската блиндирана лимузина и го погоди Реган во градите. Куршумот поминал веднаш до срцето. Куршумот на Реган му ги пробли белите дробови, но брзо закрепна. Брејди, па, остана инвалид и како последица на тоа почина во 2014 година.

Атентаторот беше сместен во психијатриска болница во Вашингтон, пред повеќе од 30 години .На судењето коешто траеше два месеца изјави дека сакал да остави впечаток на актерката Џоди Фостер од која бил опседнат по филмот „Таксист“ на Мартин Скорсезе во кој таа ја толкува улогата на малолетна проститутка. Вдахновен од главниот ли кој планира да го убие американскиот претседател пукал во Реган во неуспешен обид да ја здобие љубовта на актерката.