Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОскар Писториус осуден на 6 години затвор за убиството на Рива

Оскар Писториус осуден на 6 години затвор за убиството на Рива

Екс олимпиецот Оскар Писториус е осуден на 6 години затвор за убиството на неговата вереница Рива Стинкамп која ја застрела во нивниот дом во 2013-та. Писториус се бранеше дека помислил крадци влегле во нивната куќа во Јужна Африка и истрелал три куршуми во вратата од бањата каде не знаел дека била Рива.

oscar-reeva-2

Во претходното скандалозно судење Писториус беше осуден на само една година за убиство од небрежност, додека пак семејството и обвинителството бараа да му се суди за убиство со премисла, но сепак не е изречена максималната казна од 15 години.

Писториус се прослави како успешен атлетичар со две ампутирани нозе, но се дозна дека бил премногу параноичен и дека се сомневал дека Рива го изневерила и бил премногу љубоморен.