Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОскар Писториус може да биде пуштен од затвор

Оскар Писториус може да биде пуштен од затвор

Олимпискиот тркач Оскар Писториус може да биде ослободен од затвор и пуштен во преоден домашен притвор, но Мишел Масута министерот за правда на Јужна Африка се спротистави на одлуката тоа да се изврши оваа недела, оценувајќи дека се уште е премногу рано.

Oscar-Pistorius

Писториус одлежа десет месеци од затворската казна од пет години и од затворот во Преторија известија дека имал добро поведение што му дава можност да излезе порано. На одлуката се побуни и семејството на Рива Стинкамп, девојката која ја уби на 14 февруари 2013-та.

Адвокатите на Писториус успеаа да го убедат судот дека тој немал намера да ја убие неговата девојка Рива Стинкамп иако имаше многу тврдења дека бил опсесивно љубоморен, параноичен и оружјето често го носел со себе. Одбраната тврдеше дека спортистот со ампутирани нозе помислил дека во куќата влегол провалник и пукал преку затворената врата во бањата смртно ранувајќи ја неговата девојка.