Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСобранието имало осигурителна полиса – нема да се трошат буџетски пари за санација

Собранието имало осигурителна полиса – нема да се трошат буџетски пари за санација

Сообранието на Република Македонија, објектот и опремата се осигурани и осигурителна компанија ќе ги покрие трошоците од направената штета за време на насилствата од 27 април, соопштија денеска од одделението за односи со јавноста на Собранието, пишува „Мета“.

Оттаму информираат дека стручната служба на Собранието направила увид во материјалната штета и дека во тек е постапката за нејзина проценка.

„По настаните од 27 април 2017 година, стручната служба на Собранието на Република Македонија направи увид на материјалната штета. Моментално се врши документирање, фотографирање и опис на истата. По завршување на целосната постапка за утврдување и за проценка на направената штета, ќе ве известиме за истата“, стои во соопштението.