HomeДЕНЕШНАЕкономијаЈосифовски, претседателот на Макепотрол, доби нови извинувања од портали

Јосифовски, претседателот на Макепотрол, доби нови извинувања од портали

Интернет-порталите кои изминатите месеци објавуваа клеветнички написи поврзани со претседателот на управниот одбор на Макпетрол, Андреја Јосифовски, деновиве продолжуваат со јавните извинувања. Еден од низата медиуми кои објавија извинување е „Инфомакс“ – портал кој во изминатите месеци во повеќе наврати објавуваше текстови со измислени обвинувања кон Јосифовски. Ова, заедно со текстовите објавени на други портали, ги подгреа сомнежите дека во тек е нарачана и платена кампања за оцрнување на Јосифовски. Сега, порталите се принудени да се извинуваат и да се повлекуваат од објавените невистини, кои немаат допирни точки со новинарството.

Очигледната тенденциозност на објавените лажни написи ја забележа и Сервисот за проверка на факти од медиумите, кој во неколку наврати реагираше и ги рецензираше ваквите непрофесионалните текстови.

Последното извинување дојде од агенцијата „Макфакс“, чии уредници се повлекоа од објавениот напис во кој лажно се тврдеше дека Јосифовски бил инволвиран во криминал, односно преку офшор-компанија сакал да им наштети на акционерите.

Андреја Јосифовски ги демантираше лажните написи поврзани со наводни офшор-компании во негова сопственост, по што уследи писмо од неговиот адвокатски тим до порталите кои ги објавиjа. Ваквите написи ги засилија сомневањата дека зад смислената и нарачана кампања против Јосифовски стојат луѓето поврзани со анонимната фирма „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“. Во изминатите месеци, новинарите-истражувачи објавија низа информации за  руско-украинските бизнисмени кои се обидуваат да го преземат Макпетрол, кои говорат за сомнителни зделки и корупција во нивното минато. Според досегашните случувања, најверојатно нарачаните текстови против раководството на Макпетрол наликуваат на обид на овие „инвеститори“ преку лаги и клевети да го насочат вниманието на јавноста подалеку од нив и од нивното матно минато.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com