HomeДЕНЕШНАРепубликаОштетените од поплавите ќе го добијат надоместот од државата на 4 рати

Оштетените од поплавите ќе го добијат надоместот од државата на 4 рати

Владата ги има обезбедено средствата за исплата на поплавените граѓани кои претрпеа огромни штети во августовското невреме со тоа ќе се исплатат во четири наврати.

– Процесот на исплата ќе се одвива во 4 транши, а во првата се опфатени 947 премети за кои се одвоени 118 милиони денари. Според апроксимативната вкупна бројка на предмети ова значи дека со првата исплата ќе бидат опфатени околу 25 отсто од предметите, истакна портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев кој додаде дека траншите ќе се исплаќаат во октомври и ноември.

Граѓаните кои добија авансна оштета од 500 евра со интервентните мерки од надоместот ќе им биде одземена оваа сума, додека пак тие што не добиле аванс ќе ги добијат средствата во целост.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com