HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЏош Стоунс запеа на македонски со Каролина Гочева

Џош Стоунс запеа на македонски со Каролина Гочева

Светски познатата пејачка Џош Стоун која неодамна настапи на Скопскиот џез фестивал на својата Фејсбук страница објави видео од дуетот снимен во Градскиот парк во Скопје. На видеото таа заедно со Каролина Гочева и музичари ја изведуваат „Кој да ми запее“ на Гочева.

„Еве го целосното видео од нашата македонска соработка со убавата Каролина Гочева. Таа има толку прекрасен и инспиративен глас. Сите ние навистина добро си поминавме снимајќи ја оваа песна заедно, го направи нашиот ден посебен. Ти благодарам многу Македонија, колку неверојатна земја со толку убави луѓе, се надеваме наскоро ќе се видиме повторно“, напиша Џош Стоун на својата Фејсбук страница.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com