Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОсамен волк застрела 4 маринци и 3 цивили – Крвав ден за Америка

Осамен волк застрела 4 маринци и 3 цивили – Крвав ден за Америка

Полицијата во Чатануга, Тенесе соопшти дека осомничениот убиец Мохамед Јусуф Абдулазиз е мртов, а во неговиот крвав поход беа застрелани 4 маринци во две бази за регрути и резервисти, а рани и уште 3 цивили на одделни локации. Федералните власти соопштија дека Абдулазиз е роден во Кувајт со Јорданско потекло, но е пораснат во САД без никакви знаци на есктремизам и поврзаност со радикални терористички групи.

terorizam sad1

Во досието на 24 годишниот убиец стои дека бил примерно момче, учествувал во спортските тимови на неговото училиште и ја прифатил американската култура, па затоа никогаш не бил осомничен ниту ставен на листата на потенцијални терористи. Затоа мотивите кај Абдулазиз засега не се поврзуваат со терористички групи од Блискиот исток, но тоа треба да го покаже истрагата.