HomeРЕФЛЕКТОРЉоса: Боб Дилан не ја заслужува Нобеловата награда!

Љоса: Боб Дилан не ја заслужува Нобеловата награда!

ljosa-foto-1

Перуанскиот Нобеловец Марио Варгас Љоса не се сомнева во пејачките способности на Боб Дилан, но верува дека тој не ја заслужил Нобеловата награда за литература. „Апсолутно го сакам и му се восхитувам на Боб Дилан како одличен пејач, но мислам дека не е толку добар писател. Нобеловата награда за литература им се доделува на писатели не на пејачи“, изјави Љоса.

Марио Варгас Љоса ја доби оваа Нобелова награда за литература во 2010 година. Во образложувањето од одборот за доделување на Нобеловата награда за литература стои дека наградата му е доделена на Дилан бидејќи создадел „нов поетски израз во големата американска традиција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com