HomeДЕНЕШНАРегионОружјето кај куќата на српскиот премиер донесено од боиштата од Хрватска и БиХ

Оружјето кај куќата на српскиот премиер донесено од боиштата од Хрватска и БиХ

kola-bomba-rts

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ изјави дека со истрагата досега е утврдено потеклото на дел од оружјето пронајдено во Јајници недалеку од куќата на премиерот, но се чека резултат од ДНК анализата.

Тој рече дека е утврдено потеклото на дел од оружјето, односно дека дел од тоа потекнува од боишта во Хрватска, а две од четири бомби се од боишта од БиХ, од подрачјето на Сараево.

Наведе дека засега не се знае кога и како оружјето е оставено таму, но и дека целиот случај е прашање за разузнавачките служби.

– Вечерва чекаме резултати од ДНК анализа и да се утврди дали тоа лице може да се спореди со некој од нашата база податоци, изјави Стефановиќ за ТВ Прва.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com