HomeДЕНЕШНАПолитикаЃорчев: ВМРО-ДПМНЕ води сериозна грижа за пензионерите

Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ води сериозна грижа за пензионерите

vlatko_gorcev

Според Влатко Ѓорчев, актуелната власт досега дала најголем придонес за добросостојбата на пензионерите и тие заложби ќе продолжат и во наредниот период кога пензиите ќе растат за над 10 проценти, а ќе се применат и нови мерки за поддршка на старите лица.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ води сериозна грижа за пензионерите, така и ќе продолжи – со зголемување на пензиите. Ние нашите ветувања ги остваруваме и тоа може да се почувствува и види. Затоа треба да им се верува на делата, а не на празните зборови“, рече носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ6 Владимир Ѓорчев на денешната прес-конференција во Гостивар.

Ѓорчев оствари повеќе средби со граѓаните на кои, рече, во фокусот беа пензионерите. Оваа категорија граѓани, како што нагласи, се во приоритетите на владата на ВМРО ДПМНЕ.

„Така беше и претходно и во тој правец презедовме многу чекори. Просекот на зголемувањето на пензиите достигна 70 проценти, а најниските и над 90 проценти. Ова го нагласуваме заради фактот дека во времето на ниту една влада со која раководел СДСМ немало покачувања на пензиите, напротив дури и ги намалија за 8 проценти. Сега сакам да најавам и дополнително зголемување за следниот мандат за 10,2 проценти“, рече Ѓорчев.

Тој потенцираше дека во програмите на партијата биле предвидени и реализирани мерки насочени кон подобар живот на пензионерите, како што се бањската рекрација, која ќе продолжи и зголемен опфат за бесплатен јавен превоз, а ќе се стимулира и отворањето старски домови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com