Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОрка Холдинг: Весниците на МПМ не се продадени, ниту пак е во план нивна продажба!

Орка Холдинг: Весниците на МПМ не се продадени, ниту пак е во план нивна продажба!

По пишувањето на одредени портали дека весниците кои ги издава „Медиа Принт Македонија“ се огласија и од „Орка холдинг“ кои ја демантираат информацијата која се прошири денеска во новинарските кругови дека сите акции од весниците „Утрински весник“ и „Дневник“ се продадени на турска новинска куќа.

– Ниту сме продале, ниту планираме да продадеме – велат од Орка холдинг.

Весниците на МПМ во изминатиот период честопати беа во жижата на јавноста. Вработените излегуваа на дневни протести поради намалените плати и до 30 отсто.  Вработените тогаш се жалеа дека работат под притисок, а дополнителното намалување на платите, како што велеа, ќе биде сериозен удар врз нивната работа.

Еден од вработените во трите дневни весници „Утрински Весник“, „Дневник“ и „Вест“, чиј идентитет остана во тајност, во изјава за порталот „ЦентарЊуз“ даде опис за состојбите во компанијата.

-„Условите за работа ни се катастрофални. Постојано трпиме притисоци, а платите ги нема. Денес е 16ти во месецот а ние сеуште немаме земено плата. Некои од нас тоа не можат да го издржат па си поднесуваат оставка. Овој месец оставки дадоа најдобрите уредници на рубриките економија, хроника и надворешна политика. Верувам дека оставките ќе продолжат затоа што ситуацијата е безизлезна“ –  се вели во изјавата.

Каква судбина ги чека овие медиуми и новинарите кои се таму вработени останува да видиме, во меѓувреме нивната верна публика се намалува особено со се поголемата распространетост на интернетот.


Н.С