Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОриги ја заврши сезоната, Клоп со еден напаѓач

Ориги ја заврши сезоната, Клоп со еден напаѓач

Напаѓачот на Ливерпул Дивок Ориги ќе паузира од 4-6 недели поради повреда на зглобот, што значи и крај за сезоната на младиот Белгијанец. Ориги се повреди во градското дерби на Ливерпул против Евертон, после остриот старт на Рамир Мори, кој за овој старт доби директен црвен картон, а после натпреварот му се извини на противникот.

Јирген Клоп некое време во нападот ќе може да смета само на Даниел Стариџ, бидејќи и Кристијан Бентеке штотуку започна со тренинзи после месец дена пауза поради повреда. Ориги оваа сезона постигна десет погодоци, а последниот токму против „карамелите“ во средата, но ќе ги пропушти последните пет натпревари.