HomeДЕНЕШНАПолитикаЃорѓе Иванов утре ќе добие титула во Бугарија – „почесен доктор“

Ѓорѓе Иванов утре ќе добие титула во Бугарија – „почесен доктор“

gorge ivanov

Ѓорѓе Иванов утре и задутре ќе престојува во работна посета на Бугарија. Утре, Иванов ќе ја посети Бугарската академија на науките во Софија, каде ќе се сретне со академик Стефан Воденичаров, претседател на Бугарската академија на науки и ќе одржи предавање на тема „Миграциите и мигрантите: предизвици за третиот милениум“. На свечена церемонија, Бугарската академија на науките на претседателот Иванов ќе му ја додели титулата „Почесен доктор на науки“.

На 22 ноември (вторник) претседателот Иванов ќе оствари средби со претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев и со новоизбраниот претседател, Румен Радев, на кои ќе биде разговарано за севкупните билатерални односи меѓу двете земји и можностите за унапредување на билатералната и регионалната соработка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com