Thursday, Jun 22, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаОрганизиран криминал при МВР ќе ги истражува лажните лични карти

Организиран криминал при МВР ќе ги истражува лажните лични карти

licna karta

Новинарот Љубиша Арсиќ најпрво за неделникот Фокус, а потоа и во емисијата „360“ на Алсат М откри дека доверлив избор му пренел информација за изработка на 30 илјади лажни лични карти од кои 105 му ги дал на увид.

ljubisa arsik

Арсиќ вели дека изворот не сакал јавно да го говори и останува анонимен, па затоа и фалсификуваните лични карти веднаш ги предал во МВР. Според Арсиќ личните карти се речиси совршен фалсификат и тешко е да се забележат на прв поглед, а изворот му ги доставил бидејќи и претходно објавувал истржувачки стории за Фокус.

licni-karti-1

Случајот е пријавен и во МВР, па новиот министер Оливер Спасовски пренесе дека истрагата ќе ја води Одделението за организиран криминал. Сомнежите се дека лажните лични карти биле издавани за гласање на претходните избори.

Извор: Фокус