Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОрганизациите на новинарите со протест пред судењето на Зоран Божиновски

Организациите на новинарите со протест пред судењето на Зоран Божиновски

Голем број на новинарски организации, здруженија и синдикати ќе изразат солидарност со Зоран Божиновски кој е обвинет за повеќе точки во предметот „Шпиун“ иако за него се води издвоена постапка. ЗНМ, ССНМ, МИМ и ИКС излегоа пред Кривичниот суд со цел да испратат една главна порака.

protest bozinovski

– Правниот систем во Македонија не смее да се користи за политичка одмазда и за пресметка со неистомислениците. Правото на фер судење е базично човеково право и државата треба да го обезбеди тоа право за сите граѓани на Република Македонија, реагираат организациите.

Организациите посочуваат и дека ниту една европска земја освен Турција нема осудено новинар на затворска казна, па тука „црна“ овца е само Македонија која веќе има лошо искуство со Кежаровски кој лежеше во затвор за истражувачка сторија. Божиновски секако, е многу поконтраверзна личност со објавување на голем број на потенцијални афери преку доверлива комуникација и документи, но се товари за изнуда и рекет.