HomeДЕНЕШНАСветОрбан: Сите нелегални мигранти во кампови со вооружени чувари

Орбан: Сите нелегални мигранти во кампови со вооружени чувари

Унгарскиот премиер продолжува да ја шокира јавноста но, и лидерството на Европската Унија со агресивните изјави против мигрантите. Со претстојниот референдум во Унгарија на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат дали прифаќаат прием на задолжителни квоти на бегалци од Брисел, Орбан порача.

„Сите нелегални мигранти треба да ги сместиме во кампови надвор од територијата на Европската Унија и да поставиме вооружени стражари. Камповите мора да ги финансира ЕУ, а сите кои нелегално ќе пристигнат да ги собереме и депортираме“, порача Орбан.

Референдумот ќе се одржи на 4 октомври и ЕУ е загрижена од непослушноста на Унгарија која може да ја следат и останатите членки на Вишеградската група на која неформален лидер е токму Орбан.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com