HomeДЕНЕШНАПолитикаОрбан се силеше, а сега ќе мора да се повлече, порача опозицијата

Орбан се силеше, а сега ќе мора да се повлече, порача опозицијата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан кој водеше жестока кампања против прием на поголем број на мигранти не успеа да го реализира референдумот против предвидените квоти наметнати од Европската Унија. Граѓаните излегоа под предвидениот цензус од 50% иако повеќето од нив гласаа против квотите на Брисел. Сепак, ова е голем политички пораз за Орбан кој референдумот го доживуваше како еден вид благ Брегзит, па затоа по сите провокации и силења, редно е да си поднесе оставка, побара унгарската опозиција.

Опозициските партии од левицата, центарот но, и од десницата сметаат дека референдумот бил тотално непотребен, личен хир на Орбан и негов тежок пораз, како и тоа што над 50% од граѓаните не излегле да гласаат го сметаат за нивна поддршка па затоа притисокот врз неговата влада се повеќе ќе расте.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com