Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОрбан повторно го шири стравот од мигрантите и градењето огради

Орбан повторно го шири стравот од мигрантите и градењето огради

Унгарија се подготвува за втора година по ред големи бегалски бранови на нејзината граница, а особено загрижен и гласен во критиките против е премиерот Виктор Орбан. Тој најави изградба на втора ограда за одбрана од бегалците кои се движат по Балканската рута и таа треба да биде посеопфатна од постоечката.

„Граница не може да се брани со цвеќиња и плишени играчки, туку со полицајци, војници и оружје“, изјави премиерот Орбан, најавувајќи изградба на втора ограда на границата долга 175 километри. „Техничките планови се во подготовка, актуелната ограда ќе биде дополнета со посериозен технички систем. Тој би требало ако е неопходно да сопре наеднаш и стотици илјади луѓе“, рече Орбан за државното радио.

Орбан како еден од најистакнатите лидери на неформалната Вишеградската група, освен што е критичен кон Ангела Меркер за политиката на прием на мигранти предупреди и дека Турција ќе мора да се придружува до постигнатиот договор со ЕУ за нивно прифаќање во спротивно треба да има соодветни мерки од Брисел.