Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОрав разочаран за пробиениот рок – Договореното не се испочитува

Орав разочаран за пробиениот рок – Договореното не се испочитува

Евроамбасадорот Аиво Орав изрази разочарување од пробивање на предвидениот рок за постигнување договор меѓу политичките партии за постигнување на конечен договор за изборните реформи и новото законодавство кое треба да ја подготви Македонија за претстојните предвремени парламентарни избори.

pregovori

Најголем проблем претставуваше предложениот закон за забрана за објавување на прислушкуваните разговори кој доцна синоќа беше повлечен од предлагачите Талат Џафери и Крсто Муковски. Сепак, партиите не постигнаа договор за најважните прашања, дали и на каков начин ќе гласа дијаспората, каков изборен модел ќе се примени, како ќе се чисти избирачкиот список, кои ќе бидат надлежноститена ДИК и кој освен Управниот суд ќе одлучува по жалби.