Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОрав: Да нема пречки за специјалниот обвинител од 16 септември

Орав: Да нема пречки за специјалниот обвинител од 16 септември

Евро амбасадорот Аиво Орав повторно ги истакнува ставовите на Европската Унија дека политичките партии во Македонија мора да го почитуваат договорот кој го постигнаа, а главниот услов е да се назначи и специјален обвинител за кој нема план Б и тој мора непречено да започне да работи од 16 септември. Ако се земат во предвид неодамнешните изјави на лидерите тогаш договорот е блиску до реализација, а се прват финални преговори за „пеглање“ на сите детали околу изборот на специјалниот обвинител, неговиот тим и законските овластувања.