Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОпштините со мандат до 15 мај – Одлуката може да е законски спорна

Општините со мандат до 15 мај – Одлуката може да е законски спорна

15 мај е датумот до кога се продолжува мандатот на градоначалниците и советниците. Оваа одлука во однос на надлежностите утврдени со Закон за членовите на советите на општините и градоначалниците ја донесе министерството за правда, на барање на Министерството за локална самоуправа.

Како што пренесува 24 вести толкување на Закони во Република Македонија може да се побара и да се добие само од Собранието на Република Македонија.

Во конкретниот случај, некои во Министерствата за локална самоуправа и правда одлучиле да ги прекршат правните норми повикувајќи се на хаотичната политичка ситуација во земјава и фактот што не е конституирано ниту едно собраниско тело, а општините мора да функционираат со сите свои надлежности за доброто на граѓаните.