Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОпштина Зелениково без одговор за вилите на Латас

Општина Зелениково без одговор за вилите на Латас

Општина Зелениково засега не дава одговори на прашањата на новинарите поврзани со луксузниот имот за кој се претпоставува дека е изграден од новинарот Драган Павловиќ Латас, како еден од главните осомничени во новиот случај на СЈО, наречен Тревник за безправно градење. Од општина Зелениково не дадоа одговор засега дали за луксузните вили е издадено соодветно одобрение за градба.

opstina zelenikovo (1)

Латас веќе беше и на распит во ова обвинителство. Се работи за кривично дело бесправно градење, за што од СЈО тврдат дека поседуваат и сателитски снимки. Случајот е произлезен од истрагата за досега необјавени прислушкувани разговори.

vili zelenikovo (3) (1)

Во 2014-та за имотот на Латас на прес конференција многу информации откри и Петре Шилегов портпаролот на СДСМ.

– Латас немал само 4 фирми кои функционирале на познатата адреса Градски стадион без број. Куќниот пријател на премиерот Никола Груевски, уредникот Драган Павловиќ, немал само една фирма преку која свртел 250 илјади евра во една година. Павловиќ и неговото семејство немале само 3 стана во вредност од околу 400 илјади евра. Заедно со својот брат, медиумскиот могул на ВМРО-ДПМНЕ поседува недвижен имот со површина од над 7.000 метри квадратни во општина Зелениково. Илјадници метри квадратни, во најголем дел купени во 2011 и 2012 година. Во истите години кога Павловиќ свртел 250 илјади евра и кога семејството Павловиќ се стекнале со два стана, посочи тогаш Шилегов.

Во новата истрага „Тревник“ на СЈО Латас е осомничен заедно со уште две лица.