Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОпштина Центар започна со подготовките за изградба на новото училиште!

Општина Центар започна со подготовките за изградба на новото училиште!

Надлежните служби во општината Центар во текот на вчерашниот ден започнаа да го расчистуваат теренот во Капиштец на кој е предвидено да никне новото основно училиште што ќе го гради општината на чело со градоначалникот Жерновски. Предвидено е да бидат урнати 17 бараки до крајот на идниот месец, а во меѓувреме Општината бара градежна фирма која ќе го изгради училиштето. Од рушевини до ново основно училиште околните ученици ги делат две години, барем така предвидува планот.

centar 6

Новото основно училиште „Школа-Парк“ ќе зафаќа 10,600 метри квадратни, а ќе биде изградено со примена на висококвалитетни материјали, посочија од Општината.

 

opstina centar 5

Учениците преку интерактивни табли, и сопствени таблети ќе ги стекнуваат своите први знаења во овие простории, а објектот ќе биде опремен и со подно греење, а градежната фирма ќе обезбеди паркинг и подземни премини до училиштето…

opstina centar 4

Со изградбата на овој објект, Градоначалникот на општина Центар ќе го реализира предизборното ветување за изградба на ново основно општинско училиште.
Предвидено е училиштето да ги задоволи стандардите за современо образование на деца од 6 – 15 годишна возраст.

opstina centar

Планиран е капацитет до 500-тини ученици, распределени во 18 паралелки од 1-во до 9-то одделение.
Изградбата делумно ќе биде покриена од буџетот на општина Центар, а дел од донации и кредити.
Средствата за основање и почеток со работа на новото основно училиште ќе се обезбедат од буџетот на општина Центар и буџетот на Република Македонија (преку блок дотации).


Н.С