Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОпштина Центар се збратими со општина во Пекинг

Општина Центар се збратими со општина во Пекинг

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска ја прими неговата екселенција, Амбасадорот на Н.Р. Кина, Вен Женшун.

„На средбата се разменети ставови за актуелниот политички момент во Република Македонија, за предвремените парламентарни избори и за вчерашните преговори на политичките партии со посредство на меѓународната заедница. На средбата, која се одржа во кабинетот на Жерновски, договорено е скоро збратимување на општина Центар со Шиченг – политичката, административната и финансиската престолнина на Пекинг.

Договорено е во месец април, делегација на Шиченг, предводена од градоначалникот Ванг Шаофенг, да престојува во работна посета на Скопје. Тогаш и официјално ќе започне процесот за договор со градоначалникот Жерновски за збратимување на двете општини, со цел изградба на заемни пријателски односи, за размена на искуства, соработка и заеднички развој. Предвидена е соработка на полињата на туризам, култура, образование и економска соработка, како и пријателски размени меѓу младите“, се вели во соопштението на Општина Центар.