Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОпштина Центар почна борба против бучавата

Општина Центар почна борба против бучавата

Општина Центар почна борба против бучавата. Првите казнети кафулиња се “Стоби“, “Кубански Бар“, “Џуси Бар“ и кафе барот “Децата од нашата улица“. Општината ќе им издаде платен налог со казни од 500 евра за правното лице и 300 евра за одговорното лице. Доколку казната не се плати, ќе се поднесат прекршочни пријави.

Овие контроли од надлежната инспекција се резултат на жалби и поплаки од граѓаните. Добиените резултати од мерењата на овластената компанија покажуваат дека во 50% од контролираните објекти се надминува максималното дозволено ниво на бучава од 45 децибели.

По извршениот редовен инспекциски надзор на комуналната и градежна инспекција на општина Центар, во периодот јуни-јули 2015-та година, кај правни лица се утврдени неправилности и недостатоци при поставување на урбаната опрема. Тераси со и без настрешница и покриени или непокриени шанкови, согласно одредбите за поставување урбана опрема. Секторот за инспекција ќе преземе мерки за отстранување на констатираните неправилности и недостатоци. Контролите ќе продолжат и во наредниот период.