Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОпштина Центар го казни изведувачот на улицата на Кеј

Општина Центар го казни изведувачот на улицата на Кеј

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со овластениот општински градежен инспектор, излезе на терен за да ја провери состојбата со нелегалното градилиште за изградба на улица на Кеј.

Инспекторот констатираше дека градилиштето не ги исполнува предидените законски норми, не е заградено, не е обезбедено и нема видливо поставена табла на која стојат податоците за инвеститорот, изведувачот, надзорот и што се гради.

Овластениот градежен инспектор напиша казна за фирмата изведувач „Блерофикс“ ДОО Скопје.

Во времето кога инспекторот вршеше надзор над градилиштето, сите вработени кои дотогаш беа тука и работеа, побегнаа и не се вратија, соопштуваат од општина Центар.