Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОпштина Центар: Доколку „Бетон“ не ја отстрани терасата-дивоградба, ние ќе им помогнеме

Општина Центар: Доколку „Бетон“ не ја отстрани терасата-дивоградба, ние ќе им помогнеме

Повторно во средишното внимание на јавноста се актуелизира случајот со делот од објектот на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, за кој од партијата и од Град Скопје тврдат дека е настрешница, од о.Центар тврдат дека е балкон, односно тераса, а од инспекцискиот совет на Општината утврдиле дека е дивоградба. Инспекциските служби го поништиле решението за делот од објектот за кој Градот издал одобрение како за урбана опрема. Општинската инспекција овој пат е категорична дека ќе го урива делот над влезот на објектот.

“ВМРО – ДПМНЕ има рок од 30 дена да ја урне дивоизградената тераса на партиското седиште, во спротивно општина Центар ќе побара асистенција од полицијата за уривање на објектот“, ова го кажа Кочо Стојчески, Раководител на Секторот за инспекциски работи во општината.

„По одлуката на градоначалникот ќе следува решение за отстранување на дивоизградената тераса. Градежна инспекција на Општина Центар излезе на лице место и направи увид, при што е констатирано дека не се работи за натстрешница, туку за тераса која е изградена без одобрение. И од проектот на ‘Бетон‘ се гледа дека се работи за тераса, бидејќи на проектот е нацртан човек кој се движи по терасата и влез од терасата кон внатрешноста на објектот. Истовремено, инспекцијата констатираше дека објектот на улица ‘Ѓуро Стругар‘ ББ е пуштен во употреба без претходно издадена употребна дозвола“, посочуваат од Општината.

skica-1

Согласно со законот, сега инвеститорот ќе треба сам да го отстрани вишокот од градбата, во спротивно, тоа ќе го стори Општината.