Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОпштина Охрид апелира: Воздржете се од ризичните скокови од карпата Кукуле

Општина Охрид апелира: Воздржете се од ризичните скокови од карпата Кукуле

Голем број на спасители се поставени на местата Канео и Потпеш со цел да се укаже помош на повредените млади кои скокале од карпата Кукуле кај Канео, информира општина Охрид.

Надлежните апелираат до гостите да се воздржат од ваквите ризични скокови бидејќи карпата, пред сѐ, е со недоволно безбеден пристап и не е наменета за скокање.

Во просек спасителите на вода при Црвен Крст –  Охрид во секоја туристичка сезона кај карпата на Канео интервенираат преку 10 пати. Настраданите се со сериозни осекотини, искршеници или повреди на `рбетниот столб.