Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОпштина Ѓорче Петров пет дена ќе го слави својот роденден

Општина Ѓорче Петров пет дена ќе го слави својот роденден

Од утре општина Ѓорче Петров ќе почне со предвидената програма по повод празникот на општината 20 септември. Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ во 10 часот ќе се одржи трибина на тема „Родители за секое дете“. Трибината ќе ги информира граѓаните за условите, можностите, привилегиите и процедурите за згрижување дете без родители.

Истиот ден на стадионот „Македонски лавови“ ќе започнат „Отворените фудбалски школи“ на кои учество ќе земат 600 деца од општинските училишни лиги. Со овој настан ќе стартуваат на училишните лиги чии натпревари ќе траат до крајот на школската година. Вечерта пак во реонскиот парк КУД „Глигор Прличев“ ќе организира целовечерен концерт на кој учество ќе земат и гости од Р. Србија.

На 17 септември, четврток во 10 часот во Центарот за култура во Ѓорче ќе биде отворена ликовна изложба на младите ликовни уметници Мила Трендафиловска и Магдалена Величковска. На изложбата ќе бидат изложени 30 графики. Во 18 часот ќе започне традиционалниот Шаховски турнир Ѓорче – 2015.
gorce-petrov1На 18 септември, петок во 10 часот во Центарот за култура ќе биде промовирана нова сликовница на Виолета Саид со содржини кориски за установите од предшколска возраст. Додека пак, на истото место, во 18 часот ќе бидат промовирани 13 нови песнички од традиционалниот детски фестивал „Соната“.

На ден пред празникот на општината, на 19 септември со почеток во 10 часот во Центарот за култура ќе биде одржана крводарителска акција. Сите заинтересирани крводарители од Ѓорче и од градот Скопје ќе можат да даруваат крв до 18 часот. Во 19 часот на повеќенаменското спортско игралиште, пред надвозникот за населбата „Даме груев“ ќе започнат финалните натпревари од турнирот во мал фудбал „Ѓорче турнир-2015“.

На 20 септември, во 9 часот ученици од основните училишта ќе го трчаат традиционалниот „Училишен крос“. Во 10 часот општински делегации ќе положат свежо цвеќе на споменикот на патронот Ѓорче Петров во паркот, а во 11 часот, во Центарот за култура, ќе започне свечената седница на Советот на општината на која ќе бидат доделени предвидените годинешни награди и признанија на поединци и фирми кои во изминатава година со својот ангажман допринеле за афирмација на општината вон нејзините граници.

Во наредните пет дена имате навистина добри причини да бидете во оваа скопска општина која може да се пофали со својот допринос во кутурата, уметноста и спортот.