Wednesday, Jul 26, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеОпштина Ѓорче Петров доделува парична помош за новороденчиња

Општина Ѓорче Петров доделува парична помош за новороденчиња

5-fotografii-koi-morate-da-gi-napravite-so-vasheto-bebe-www.kafepauza.mk_

Од оваа година, Општина Ѓорче Петров, прв пат почна со доделување парична помош за новороденчиња. Доделени се пет решенија за еднократна парична помош со износ од 5.000 денари за децата кои се родени во тековната 2016 година.

Оваа одлука ја донесе Советот на Општината, во декември минатата година, а истиот стапи на сила од 1 јануари 2016 година.
Со одлуката е предвидено, секое семејство кое ќе добие нов член и е жител од Ѓорче Петров, да добива еднокартна парична помош.
Инаку, на првите пет семејства веќе освен парична помош, имаат добиено и подароци за новороденчињата.