Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОпштина Чаир не доставила целосни документи за „Двоглавиот орел“

Општина Чаир не доставила целосни документи за „Двоглавиот орел“

Општина Чаир доставила нецелосни документи до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, со кои го правда поставувањето на споменикот двоглав орел во Топанско поле. Од таму велат дека недостигаат уште документи, за кои од општината напоменале дека ќе ги достават во текот на следната недела – објави Телма.

И двата „докази“ од општина Чаир се истите кои беа доставени и до медиумите, каде не се наведува кога точно е изгласана поединечна одлука на Советот на издигнување на двоглавиот орел. Иако градоначалникот Изет Меџити тврди дека се е законски и постојат посебни одлуки, дел од советниците кои ги консултираше Телма претходно рекоа дека никогаш не гласале на седница на Совет за негово поставување. Од општината денеска не одговараат на повиците кога ќе ја комплетираат целосната документација.

– Има и генерална одлука во 2012-та година и има после тоа посебни одлуки за секој споменик, вели Изет Меџити – градоначалник на општина Чаир.

Со делумно доставените документи е пробиен рокот од три дена кој им до даде Инспекторатот, меѓутоа од таму велат дека ќе почекаат до понеделник. Потоа, доколку не се достават дополнителните документи, ќе побараат Управна инспекција да изврши надзор над документацијата што треба да биде доставена до нив. Управната иснепкција ќе им даде рок до кога може тоа да го направат, а може да поведе и прекршочни пријави.