Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОпштина Чаир ќе го дислоцира споменикот на Скендербег во Старата скопска чаршија

Општина Чаир ќе го дислоцира споменикот на Скендербег во Старата скопска чаршија

Споменикот на Скендербег кој се наоѓа во Старата скопска чаршија ќе биде поместен на 2 до 3 метри од сегашната локација. Општина Чаир објаснува дека зафатот ќе се изврши поради олеснување на градежните работи за изградба на новиот дел од плоштадот со кој ќе се премостува булеварот Гоце Делчев.

Градежните работи за премостувањето на булеварот се одвиваат според предвидената динамика, а за преместувањето на споменикот ќе бидат потрошени околу 80.000 денари.