Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЦентар: Чавков ја блокира општината

Центар: Чавков ја блокира општината

Седум улици на територијата на општина Центар, за кои се е подготвено, поради „кочницата“ од МВР не може да се почне со работа, се вели во соопштението од општина Центар.

„Два месеци општина Центар чека одобрение за времен режим на сообраќај од министерството. Проектите се готови, завршена е и набавката и сега се чека МВР да ги издаде одобренијата за улиците за кои граѓаните реагираат. Дел од нив се многу стари и оштетени и се опасност по безбедноста на пешаците и возачите. Одобренија за времен режим на сообраќај се бара за прекоп на „Орце Николов“, „Партение Зографски“, „Адвокатска улица“, „Адолф Циборовски“, „Наум Наумовски Борче“, „Коле Неделковски“ и „Коста Веселинов““, се вели во известувањето.

Со претходното раководство на МВР, одобренијата се добиваа за неколку саати. По неколкуте ургенции на надлежните од општина Центар, кај одговорните во МВР, им било одговорено дека имаат наредба од Влада прво да се завршат владините проекти. Општина Центар бара од министерот за внатрешни работи Чавков, неговите службеници да имаат неселективен пристап и да не се кочи и блокира работата на општината.