Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОпштина Бутел презеде мерки за справување со последиците од поплавите

Општина Бутел презеде мерки за справување со последиците од поплавите

Општина Бутел на состанок со кризниот штаб на општината формираше посебно тело чија задача ќе биде справување со штетите и последиците од поплавите и нивно отстранување. Вчера погодените места ги посети и Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ ветувајќи интервенција на државните тела за справување со кризи.

butel-poplavi-gruevski4-640x360

– Веднаш се известени вработените, а набрзо е активирана и градежна механизација на најкритичните точки во општината. Приоритетно беше оспособувањето на патниот правец Радишани – Љубанци, како и сообраќајниците во населените места: Жегроец, Љуботенски пат и Раштански пат, се наведува во соопштението на општина Бутел.

Во соработка со ЈП Водовод и Канализација била обезбедена цистерна за испумпување вода од поплавените куќи во Жегроец и Бутел. Денеска, механизацијата ќе биде ангажирана во Љуботен и Раштански пат за расчистување на последиците од поплавата.

Од Општината апелираат до граѓаните од општина Бутел, кои се погодени од невремето на кој било начин и им е потребна помош да се јават кај следниве лица за контакт од општина Бутел: Слободан Невенов ( 075 442-103), Ивица Тодоровски (071 238-998), Снежана Клинчарова (076 438-721) и Сузана Мартиновска (076 404-588).