Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОпштина Аеродром донираше 3 милиони денари за штетите во Гази Баба

Општина Аеродром донираше 3 милиони денари за штетите во Гази Баба

Советот на Општина Аеродром, на вонредна седница донесе одлука за донирање финансиска помош за санирање на последиците од елементарната незгода на подрачјето на Општина Гази Баба во висина од три милиони денари каде штетите се и најголеми и настрадаа десетина граѓани.

Општина Аеродром, исто така, ги отвори и основните училишта на нејзина територија за собирање хуманитарна помош за настраданите од поплавените подрачја, така што граѓаните ќе може да донираат хуманитарна помош секој ден од 08:00 до 22:00 часот, при што најнеопходни се флаширана вода и храна.