HomeДЕНЕШНАРепубликаОпштина Штип ќе добие Обиколница

Општина Штип ќе добие Обиколница

Со цел да се олесни возењето за сите локалната самоуправа излезе со соопштение дека Општина Штип ќе добие обиколница. „Улицата Борис Крајгер која завршува кај нервно одделение, да продолжи преку мост на река Брегалница, преку патот до Касарната. Тој пат да излезе кај Алумина каде би се направил кружен тек, таа улица да ја продолжиме до населбата Пребег па се до бањата Кежовица“, изјави градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

Според првичните проценки, со новиот патен правец од едниот до другиот крај на градот ќе се стигнува за неколку минути и возачите патот ќе го скратат речиси за половина. Ако се оди според планот, проектот треба да биде изработен наскоро, а потоа општината ќе бара пари за негова брза реализација.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com