Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОпозициските советници побараа загадувањето да биде на дневен ред на следната седница!

Опозициските советници побараа загадувањето да биде на дневен ред на следната седница!

Групата на советници од СДСМ и коалицијата во Градот Скопје ќе поднесат иницијатива за редовна седница со единствена точка на дневен ред, разгледување на предлог мерки за намалување на загаденоста.
Дамјан Манчевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалициските партнери, воедно го обвини градоначалникот Трајановски дека и покрај големот загадување се уште нема преземено ниту една мерка, ниту има воведено некаква политика за намалување на загаденоста на воздухот.

– Во услови на неколкудневна екстремна загаденост, некои од предлог вонредните мерки кои ги предлагаме се: времен прекин на сите градежни активности во Скопје, бесплатен јавен превоз за сите граѓани во деновите на екстремна загаденост, секојдневно миење на улиците во градот, вонредни контроли и доколку е потребно времено запирање на работата на сите субјекти кои поседуваат Б-интегрирана еколошка дозвола. Ова се само дел од итните предлог мерки, кои би се применувале во денови на екстремна загаденост.. На седницата ќе ги презентираме и нашите долгорочни политики – најави Дамјан Манчевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Град Скопје и потпретседател на СДСМ.