Saturday, Sep 23, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаОпозицијата продолжува со барање за една изборна единица

Опозицијата продолжува со барање за една изборна единица

Опозицијата предводена од Зоран Заев продолжува да ги пласира идеите за промена на изборниот модел со воведување на една изборна единица, наспроти предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за мнозински систем каде победникот освојува се. Зоран Заев порача дека мнозинскиот систем само ќе и овозможи на власта да ја засили својата апсолутна моќ што не е добро за демократијата.

zoran-zaev

„Процесот, којшто ќе донесе одлуки на ваквите избори, ќе даде можност помалите партии да бидат активни чинители во парламентарната демократија и на тој начин идниот мандар, што ќе биде од СДСМ, ќе зависи и од помалите политички партии. Нема никој да се стави во положба да се наметнува апсолутистички, како што тоа го чувствуваме сите овие години“, изјави Заев во Пехчево.

При распределба на пратеничките мандати во една изборна единица ќе се пресмета изборен количник кој ќе им гарантира место на сите партии и листи кои го освоиле потребниот минумум и токму тоа е шанса за помалите партии кои досега не успеваа да добијат повеќе места.