Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОпозицијата одби да учествува во Анкетната за фабриката за скандали

Опозицијата одби да учествува во Анкетната за фабриката за скандали

Пратениците на СДСМ и опозицијата нема да предложат свои членови во Анкетната комисија за фалсификуваните документи и лажни лични карти откако Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ покрена иницијатива за расчистување на наводниот скандал пред одржувањето на изборите во април. licna kartaВласта скандалот го нарече „Фабрика за афери“ во која наводно членови на СДСМ со криминално минато изработувале лажни лични карти, пасоши, лажни банкарски сметки, а располагале и со дел од прислушкуваните разговори кои ги поседува Зоран Заев. Ilija-Dimovski-Sobranie1Меѓу пратениците од власта и опозицијата се води „партија пинг-понг“ со меѓусебни обвинувања за вмешаноста во големиот скандал. Според Илија Димовски СДСМ бега од одговорност кога тие се доведени во сомнеж, а пак Горан Сугаревски возврати дека постојната комисија за прислушкувањето може да го истражи и новиот наметнет скандал и дека без опозиционите пратеници може да се изберат членови во комисијата на власта.