HomeИздвојуваме(о)Позитивна кампања…

(о)Позитивна кампања…

Годината што полека, но сигурно изминува ќе биде запомнета по бурата на македоснката политичка сцена. Сè започна гласно и експлозивно со објавата на т.н „Бомба“ на лидерот на опозициската СДСМ. Се чини дека по првото „детонирање“, од 9-ти Февруари па до денеска сме под постојана политичка кампања.
заев бомбиСледуваа политички превирања, убедувања дека избори не доаѓаат во предвид, тврдења за одредена неавтентичност на објавените материјали па се до отпочнување на кривична постапка за „Пуч“ против првиот „бомбаш“. Претстоеа мачни и долги преговори благодарение на кои, по месеци преговарање помеѓу најголемите политички субјекти во земјава, падна одлуката за организација на предвремени избори и формирање на техничка влада за излез од кризата.
пржиноПо т.н „Договор од Пржино“ политичката кампања на најголемите политички фактори започна да добива на интензитет. Секојдневните партиски препукувања прераснаа во жестока политичка кампања за гола власт.
Политички гафови, погрешни чекори и изјави кои не секогаш беа докрај обмислени, беа само дел од последиците на жестоката и засилена кампања на обете најголеми македонски политички партии. Закон-за-медиуми-1Во време кога политичката мудрост беше најважна некои политички актери потфлрија повеќе од другите. Евидентно беше големото незадоволство на граѓаните, претставено преку големите граѓански собири од 17ти и 18ти мај годинава.
Во време кога актуелната влада буквално беше доведена на „стаклени – нозе“, мудрото дејствување на опозициската партија која претендира да биде власт беше од епохално значење. На моменти изгледаше дека доволно ќе биде фронтмените на опозицијата да премолчат и на тој начин со невидена леснотија да ја добијат довербата на изневерените граѓани. Убаво велат постарите „молчењето е злато“.
Наспроти ваквото сценарио на веројатен успех, одредени политички претставници на опозицијата сепак се одлучија на неколку, според мене непотребни интервјуа, одговарајќи на прашања што воопшто не беа ниту поставени, а чиј одговор беше далеку од потребен.
Изјавите нема потреба да ги цитираме, верувам дека секој од вас кој изминативе десетина месеци беше „затруен“ од дневната политика многу добро знае за кои изјави станува збор. Чуму сите протести, изрази на незадоволство и конечно излегување од децениската хибернација на просечниот македонски гласач кога сите овие активности паднаа во вода по непромислените изјави на претендентот за иден Премиер на републиката. Партиските интереси, според револтираните, надвладеаа над граѓанските интереси. Меѓу другото на тој начин, владата од експертска се претвори во политичко техничка.
vladaРејтингот на власта кој доживеа драматичен пад во екот на кризата повторно бележи раст во изминатите неколку недели. Концепцијата на водење на т.н опозитивна кампања, за многу гласачи, изгледа неразбирлива и недоволно докончана. Од друга страна, партиската срж на владејачката ВМРО ДПМНЕ со сите сили, финансиски и психолошки, одлучно чекори кон престижната фотелја на „Илинденска 2“.
sliki kampanjaТокму таа фотелја повеќе од девет и пол години „ја загрева“ актуелниот Премиер Груевски, кој според договореното ќе мора да ја напушти сто дена во очи на изборите догодина. Техничката влада која треба да се формира ќе обезбеди фер и демократски избори со цел да овозможи рамномерни услови за натпревар.
izbori_2016Дотогаш, политичката кампања на партиите допрва ќе го достигнува својот пик. Веројатно до април ќе се изнаслушаме уште многу „несреќни“ настапи во јавноста од политичките лидери. Токму тие рамо до рамо и понатаму ќе ја водат „опозитивната кампања“ на патот кон „тронот во Владата“, пат кој за некој од нив ќе биде навистина бурен.
кутија избори
На крајот, подобрата (о)Позитивна кампања ќе одлучи…


Автор: Никола Станков

Не е дозволено преземање на оваа содржина без согласност од редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница.
Авторските содржини во рубриките „Став“; „Колумна“ и „Интервју“ не се официјални ставови на порталот „Позитив.мк“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com