Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОпожарен автомобил во близина на општината Ѓорче Петров

Опожарен автомобил во близина на општината Ѓорче Петров

Вработените во општина Ѓорче Петров изгасија опожарено возило „Форд ескорд“ паркирано во непосредна близина на општинската зграда.

Како што информираат од општина Ѓорче Петров денеска околу 12 часот се запалил автомобил со скопски регистарски таблици, а пред да дојдат противпожарните возила, вработените во општината се обиделе да го изгаснат пожарот. По брзата интервенција на пожарникарите, пламенот кој се проширил на поголем дел од возилото, бил изгаснат. Причините за опожарување на возилото се непознати.