Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОперската дива Ана Дурловски е национален уметник за 2015

Оперската дива Ана Дурловски е национален уметник за 2015

Министерството култура соопшти дека операската дива Ана Дурловски ќе го подигне признанието национален уметник по добиените четири иницијативи од уметнички установи и невладини здруженија. Покрај Дурловски, најсериозен кандидат за признанието бил и поетот Никола Маџиров. Одлуката е донесена од Катица Ќулафкова, Газанфер Бајрам, проф. м-р Јана Андреевска, Оливер Белопета и Раде Силјан, кои едногласно ја издвоија Дурловски за нејзината интернационална оперска кариера.